Господи, Боже мој, кај Тебе се засолнувам, спаси ме од сите што ме гонат, и избави ме; зашто тие како лавови ќе ме зграбат, ќе ме влечат, а ќе нема кој да спасува. Господи, Боже мој, ако го направив тоа, ако има неправда во рацете мои; ако зло им вратив на пријателите мои, или без причина сум ги ограбил непријателите, нека ја гони непријателот душата моја, и нека ја стигне, и нека го згази животот мој на земјава, душата во прав нека ми ја претвори. Стани, Господи, во гневот Свој; крени се против жестината на непријателите мои; стани, Господи, Ти Си одредил суд. Нека се собере народен собир околу Тебе; и Ти издигни се над него високо. Господ им суди на народите. Суди ми, Господи, според правдата моја и според невиноста моја. Стави ѝ крај на злобата на нечестивите, а праведниот зацврсти го, Ти, кој ги испитуваш срцата и бубрезите, праведен Боже. Бог ми е штит, Тој ги спасува оние што се со чисти срца. Бог е праведен судија, и секојдневно предупредува. Ако не се покаете, Тој ќе го очисти Своето оружје, ќе го затегне Својот лак и ќе го насочи