Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 57:1-11

Псалми 57:1-11 MK2006

Смилувај се, Боже, на мене. Сми­лувај се, зашто во Тебе се надева душа­та моја, и во сенката на крилјата Твои ќе се засолнам додека не минат опасностите. Викам кон Бога Севишниот, кон Бога, Кој ми прави добро. Тој ќе прати од небото и ќе ме спаси; ќе ги посрами оние, кои ме газат. Ќе ја испрати Бог Својата милост и Својата верност. Лежам среде лавови кои растргаат синови човечки; та нивните заби се копја и стрели, а јазикот им е остар меч. Возвиши се на небесата, Боже, и по целата земја нека биде Твојата слава! Тие подготвија стапица за нозете мои; и ја приклештија душата моја: ис­копаа пред мене јама, но сами паднаа во неа. Подготвено е срцето мое, Боже, спремно е срцето мое, ќе пеам и ќе свирам. Разбуди се, душо моја, разбудете се харфо и лиро! Јас ќе ја разбудам и зората. Ќе Те славам, Господи, меѓу народите, ќе Те воспеам меѓу племињата, зашто Твојата милост се возве­личи до небесата, и Твојата верност се протега сѐ до облаците. Возвиши се, Боже, над небесата и по целата земја нека биде Твојата слава!