Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 56:1-13

Псалми 56:1-13 MK2006

Смилувај се Боже, на мене, луѓето ме газат, напаѓајќи секој ден, душма­нот ме притиска. Моите непријатели по цел ден ме газат, зашто мнозина се оние, кои ме напаѓаат. Кога страв ќе ме спопадне, во Тебе се надевам, Севишен. Божјото ветување го славам; на Бога се надевам. Нема да се плашам; што може да ми направи човек? Секој ден ги извртуваат зборовите мои; сите нивни мисли упатени против мене се зло. Се собираат и се кријат, ги набљу­дуваат чекорите мои, упорно работат против мојот живот. Плати им за нивниот злочин со гнев Боже, собори ги народите! Ти ги броеше моите маки, солзите мои ги собираше во мешина. Зар не е сѐ запишано во Твојата книга? Непријателите мои ќе се вратат назад, секогаш кога Те призовувам; по тоа знам дека Бог е за мене. Божјото ветување го славам; се фалам за зборот Господов, во Бога имам верба, не се плашам; што може да ми направи човекот? Ме обврзуваат, Боже, ветувањата што Ти ги дадов; благодарствени мо­литви ќе Ти упатам. Зашто Ти ја избави душата моја од смрт, а и нозете мои од сопнување, за да одам пред Бога во светлината на живите.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност