Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 55:1-23

Псалми 55:1-23 MK2006

Чуј ја Боже, молитвата моја и не криј се од моето молење; погледај ме и услиши ме. Нажален сум во тагата моја и збунет сум од гласот на непријателите, од притисокот на грешници­те, зашто вршат врз мене беззаконие и со гнев разгоруваат непријателство против мене. Срцето мое затрепери во мене, и смртен страв ме спопадна; страв и трепет ме сполетаа, и стра­вотии ме обзедоа. И јас реков: „Кој ќе ми даде крилја гулабови, па да одлетам и да се успокојам; далеку би отишол и би се сместил во пустината; би побрзал да си најдам засолниште од бурата и виорот. Смути ги, Господи, и раздели ги нив­ните јазици, зашто видов насилство и расправии во градот.“ Дење и ноќе обиколуваат покрај ѕи­довите негови; и во него беззаконие, ма­ка и неправда има; а не недостасува ни измама и лукав­ство по улиците негови. Да ме беше навредил непријателот мој, тоа би го поднел, и завид­ливецот мој да се беше покажал силен, јас ќе се сокриев; но тоа беше ти, човеку, кој си како јас, другар мој и пријател мој, со кого радосно се дружев и сме оделе заедно во Божјиот дом! Смртта нека дојде на нив; да слезат живи во пеколот, зашто пакост има среде нив, во живеалиштата нивни. Јас, пак, Бога ќе Го повикам, и Господ ќе ме слушне. Навечер и наутро, и напладне ќе молам и ќе викам, и Тој ќе го чуе гласот мој, ќе ја избави во мир душата моја од оние, кои ми се приближуваат, зашто многу ги има што се против мене, Бог ќе ме чуе и ќе ги понизи; Оној, Кој вечно царува, зашто во нив нема промена; тие не се плашат од Бога. Ги креваат рацете свои против оние, со кои живееја во мир, го нару­шија Неговиот завет. Говорот им е мек како кајмак, а во срцето им е непријателство; зборовите им се како масло, но тие се стрели. Пренеси ја на Господ маката своја, и Тој ќе те поткрепи. Тој нема да до­з­воли праведниот човек да пострада. Ти, Боже, ќе ги фрлиш во погибелна јама; крвниците и измамниците нема да поживеат ни половина од деновите свои. Јас, пак, во Тебе се надевам!

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност