Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 49

49
ПСАЛМ 49
Привиден е напредокот на безбожниците и нивната безумна надеж во богатството
1Чујте го ова сите народи; внимавајте вие сите што живеете по светот, 2#5 Мојс 32,1; Ис 1,2; Изреки 8,4мали и големи, богати и сиромаси заедно. 3Устата моја ќе говори мудрост, и мислата на срцето мое – разбирливи нешта. 4Ќе го наклонам увото свое кон по­учни изреки: со харфа ќе ја изло­жам гатанката моја. 5Зошто да се плашам во тешки де­нови, кога беззаконието на моите предавници ќе ме опколи? 6Вие, што имате верба во силите свои и се фалите со големото богатство свое, чујте: 7#Ер 9,22; Лк; 12,16-21Никој не може себеси да се иску­пи, ниту може човекот да Му плати откуп на Бога, 8#Јов 33,24; Изреки 11,4ниту цена за откуп на душата сво­ја, бидејќи таа е превисока, 9#Мт 16,26дури и да се мачи долго, да живее вечно и гроб да не види. 10Зашто и мудрите умираат, не­разумните и безумните загинуваат заедно, а го оставаат богатството на други. 11#39,6; Проп 2,16Нивните гробови ќе им бидат вечни домови, живеалиштата од род во род, иако земјите нивни ги носат имињата нивни. 12И човек што живее неразумно, прилега на животните што загинуваат. 13#Проп; 3,18-21Таква им е судбината на безумниците, крајот на оние што се задоволни со својот дел. 14Тие се како овци определени за во пеколот, смртта им е пастир, а в зори праведните ќе господарат над нив; силата нивна ќе се истроши, пеколот ќе им биде дом. 15Но Бог ќе ја спаси душата моја од раката на пеколот, милостиво ќе ме прими. 16#Ос 13,14Не плаши се кога човек се збогатува, кога богатството на домот негов расте; 17зашто, умирајќи, ништо нема да земе, ниту, пак, богатството негово ќе појде по него; 18#1 Тим 6,7макар што при животот негов се сметал за среќен – а тебе те фалат кога си угодуваш – 19и тој ќе им се придружи на своите предци, нема никогаш да види светлина. 20#1 Мојс 15,15; Јов; 10,21-22Човек, кој неразумно живее, сличен е на животните што загинуваат.

Селектирано:

Псалми 49: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се