Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 49:7-15

Псалми 49:7-15 MK2006

Никој не може себеси да се иску­пи, ниту може човекот да Му плати откуп на Бога, ниту цена за откуп на душата сво­ја, бидејќи таа е превисока, дури и да се мачи долго, да живее вечно и гроб да не види. Зашто и мудрите умираат, не­разумните и безумните загинуваат заедно, а го оставаат богатството на други. Нивните гробови ќе им бидат вечни домови, живеалиштата од род во род, иако земјите нивни ги носат имињата нивни. И човек што живее неразумно, прилега на животните што загинуваат. Таква им е судбината на безумниците, крајот на оние што се задоволни со својот дел. Тие се како овци определени за во пеколот, смртта им е пастир, а в зори праведните ќе господарат над нив; силата нивна ќе се истроши, пеколот ќе им биде дом. Но Бог ќе ја спаси душата моја од раката на пеколот, милостиво ќе ме прими.