Како што кошутата копнее по водни извори, така и душата моја, Боже, копнее по Тебе! Душата моја жедува за Бога, за живиот Бог: кога ќе дојдам и ќе го гледам лицето Божјо? Солзите мои беа леб за мене и дење и ноќе, кога секој ден ми зборуваа: каде е твојот Бог? Се сетив на тоа и ја излив душата своја: како чекорев со мноштвото, ги предводев до Божјиот дом – при гласно воскликнување и прославување, како на голем празник. Зошто тагуваш, душо моја, и зошто си вознемирена? Надевај се на Бога, бидејќи јас пак ќе Го славам мојот Помошник, мојот Бог. Тагува душата моја во мене, поради тоа ќе си спомнувам на Тебе од земјата Јорданска, од Ермон и од гората Мицар. Бездна повикува бездна со гласот на Твоите водопади; сите Твои води и Твои бранови навалија на мене. Дење Господ ми ја покажува милоста Своја, а јас ноќе ќе Му пеам и ќе Му се молам на Бога на мојот живот. Ќе Му речам на Бога: Ти си моето засолниште. Зошто ме заборави? Зошто одам нажален додека непријателот ме притиска? Трошејќи ги коските мои, непријателите мои се подигруваат со мене, велејќи ми секој ден: каде е твојот Бог? Зошто тагуваш, душо моја, и зошто си вознемирена? Надевај се на Бога, бидејќи Него јас пак ќе Го прославувам, мојот Помошник, мојот Бог.
Прочитај Псалми 42
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 42:1-11
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа