Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 41

41
ПСАЛМ 41
Жалење поради лоши непријатели и неверни пријатели
1Блажен е оној што се грижи за бедните! Во злочест ден Господ ќе го избави. 2#Изреки 14,21Господ ќе го пази и ќе го одржи во живот и ќе му даде среќа на земјата; и нема да го предаде во рацете на непријателот негов. 3#27,12Господ ќе му помогне кога лежи болен в постела. Ти ја исцелуваш секоја болка при болеста негова. 4А за себе, јас повикав: „Господи, смилувај се на мене, излекувај ја душата моја, зашто згрешив пред Тебе!“ 5#6,2; 30,2Непријателите мои во злоба се распрашуваат за мене: „Кога ќе умре, и кога ќе загине името негово!?“ 6#31,11-13; 38,16-19; Ер 20,10И ако некој дојде да ме види, гово­ри лага; неговото срце собира неправда во себе, и тој, штом ќе излезе надвор, расправа. 7Сите мои непријатели шепотат меѓу себе против мене, помислувајќи ми зло: 8„Смртна болест го фатила; кој еднаш легне, веќе нема да стане!“ 9Дури и пријателот мој, во кого имав доверба, кој јадеше мој леб, ја крена ногата против мене. 10#38,11; 55,13; Мк 14,18; Јн 13,18А Ти, Господи, смилувај ми се, исправи ме, та да им возвратам. 11По тоа ќе дознаам дека сум ти мил, кога непријателот мој нема да се погордее над мене; 12а мене, пак, ме прифати поради мојата незлобивост и зацврсти ме пред Себе вечно. 13Нека е благословен Господ, Бог Израелов, од века до век! Амин, амин!

Селектирано:

Псалми 41: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност