Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 37:1-11

Псалми 37:1-11 MK2006

Не жести се поради злобниците и не завидувај им на оние што вршат беззаконие, зашто тие ќе се исушат како трева, и како зелје набргу ќе свенат. Верувај во Господ и прави добро, за да живееш на земјата и да уживаш во спокојство. Сета радост нека ти биде во Господ, и Тој ќе ти даде што ќе посака срцето твое. Довери Му го патот свој на Господ и во Него верувај и Тој ќе делува; и ќе ја изведе правдата твоја како светлина, и справедливоста твоја – како пладне. Биди кроток пред Господ и на Него надевај се. Не жести се на оној, кој успева на патот свој, на човек кој врши беззаконие. Воздржи се од лутина и остави ја јароста, не жести се – самиот да не пра­виш зло, зашто оние што вршат зло, ќе бидат истребени, а оние, кои се надеваат на Господ, ќе ја наследат земјата. Уште малку, и грешникот ќе го нема; ќе го побараш местото негово и нема да го најдеш. А кротките ќе ја наследат земјата и ќе се насладуваат во изобилен мир.