Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 37:1-11

Псалми 37:1-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Не жести се поради злобниците и не завидувај им на оние што вршат беззаконие, зашто тие ќе се исушат како трева, и како зелје набргу ќе свенат. Верувај во Господ и прави добро, за да живееш на земјата и да уживаш во спокојство. Сета радост нека ти биде во Господ, и Тој ќе ти даде што ќе посака срцето твое. Довери Му го патот свој на Господ и во Него верувај и Тој ќе делува; и ќе ја изведе правдата твоја како светлина, и справедливоста твоја – како пладне. Биди кроток пред Господ и на Него надевај се. Не жести се на оној, кој успева на патот свој, на човек кој врши беззаконие. Воздржи се од лутина и остави ја јароста, не жести се – самиот да не пра­виш зло, зашто оние што вршат зло, ќе бидат истребени, а оние, кои се надеваат на Господ, ќе ја наследат земјата. Уште малку, и грешникот ќе го нема; ќе го побараш местото негово и нема да го најдеш. А кротките ќе ја наследат земјата и ќе се насладуваат во изобилен мир.

Псалми 37:1-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Не се лути на злосторниците, ниту им завиди на оние што прават беззаконие. Се сушат брзо како трева, венеат брзо како зелено растение. Надевај се на Господа и прави добро, живеј на земјата и храни се со вистината. Сета твоја радост нека биде во Господа: Тој ќе ги исполни желбите на твоето срце! Предај Му ги на Господа своите патишта, надевај се на Него, и Тој ќе води сѐ. Твојата правда ќе блесне како светлина и твојот суд како пладне. Смири се пред Господа и надевај се на Него, не дразни се заради оној, кој напредува на својот пат, заради човекот кој кове подлост. Стивни го својот гнев и остави ја лутината, не се дразни за да не направиш зло. Зашто злосторниците ќе бидат сотрени, а кои се надеваат на Бога, ќе ја наследат земјата. Уште малку и ќе го снема безбожникот, ќе го бараш неговото место, а него веќе ќе го нема. Кротките ќе ја наследат земјата, тие ќе уживаат во изобилен мир.