Псалми 36
36
ПСАЛМ 36
Човековата расипаност и добрината Божја
1Гревот му зборува на грешникот; длабоко во неговото срце, нема страв Божји пред очите негови, 2#Рим 3,18зашто тој самиот на себеси си ласка, место да го увиди своето беззаконие и да го намрази; 3#10,15; 17,3; 1 Мојс 44,16; 1 Сам 29,3.6; Ос 12,9зборовите на устата негова се неправда и измама; тој не сака да се вразуми, и да врши добро; 4на леглото свое смислува беззаконие, останува на лош пат, од зло не се гнаси. 5Господи, Твојата милост е до небесата, Твојата вистина – до облаците! 6#57,10; Ефес; 3,18-19Твојата праведност е како моќните гори, а судовите Твои како голема бездна! И луѓе и добиток спасуваш Ти, Господи! 7О колку е скапоцена Твојата милост, Боже! Синовите човечки се засолнуваат под Твојата закрила; 8#17,8; 91,4тие се ситат од изобилието на Твојот дом, и од потокот на Твојата красота ги напојуваш; 9#23,5; 63,5зашто во Тебе е изворот на животот: во Твојата светлина ние гледаме светлина. 10#56,13; 89,15Продолжи ја милоста Своја кон оние кои Те познаваат, и спасението Свое кон оние со чисто срце. 11Нека не ме гази ногата горда, и раката на грешникот да не ме гони. 12Таму паднаа оние што вршат беззаконие; соборени се и не можат веќе да станат.
Селектирано:
Псалми 36: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006