Псалми 35
35
ПСАЛМ 35
Молитва за спасение од пакосни непријатели
1Осуди ги, Господи, оние кои ме осудуваат, и собори ги оние што се борат против мене; 2земи оружје и штит и дојди ми на помош; 3извади го мечот и пресретни ги гонителите мои; кажи ѝ на душата моја: „Јас сум спасение Твое!“ 4#31,17; 40,14; 71,13; Ер 17,18Нека бидат посрамени и исмеани оние што ја бараат душата моја: нека се повлечат и нека се посрамат, оние што ми мислат зло; 5#1,4; 83,13; Ис 29,5; 41,14; Јов 21,18; 34,7; 1 Мојс 32,2-3; 2 Мојс 14,19; 23,20; Ис.Н. 5,13-15нека бидат како прав пред ветрот, и ангел Господов да ги прогонува, 6#73,18; Ер 23,12патот нивни нека биде темен и лизгав, и ангел Господов да ги прогонува, 7#7,15; 9,15бидејќи без причина поставија тајна мрежа за моја пропаст, без причина ѝ копаат гроб на душата моја. 8#139,5; Ис 47,11Нека дојде врз нив ненадејна замка и мрежата нивна, што ја поставија за мене, да ги улови самите нив; нека се сплеткаат во неа и нека загинат. 9А мојата душа ќе се радува во Господ, ќе се весели поради спасението од Него. 10#71,19; 77,13Сите коски мои ќе речат: „Господи, кој е подобен на Тебе, Кој спасуваш слаб од силен, беден и сиромав од ограбувачите нивни?“ 11#27,12; Мт; 26,59-60Се кренаа против мене злобни сведоци: и за она што не го знам ме сослушуваат; 12#38,20; 109,5ми враќаат зло за добро, и душата моја запаѓа во осаменост. 13А кога тие боледуваа, јас се облекував во вреќиште, ја истоштував душата моја со пост, и молитвата ми се враќаше во градите мои. 14#38,6Постапував така, како тој да беше ближен мој, мој брат; одев тажен со наведната глава како оној што тагува по сопствената мајка. 15А сега, кога јас паднав, тие се зарадуваа и се собраа против мене, ми задаваа рани, а да не знам зошто, ме кинеа и не престануваа; 16ме доведоа до искушение, ми се потсмеваа многу и со забите свои крцкаа против мене. 17#17,12; 22,20-21О, Господи, до кога ќе го гледаш тоа? Оттргни ја душата моја од нивните навалувања, мојата осамена душа – од тие лавови. 18#22,25Тогаш ќе Ти благодарам Господи, на големото собрание, меѓу многуброен народ ќе Те восфалувам; 19#38,16; 69,4; Јн 15,25не допуштај да се зарадуваат над мене оние, кои ми се непријатели без причина, кои ме мразат без вина и намигнуваат со очите. 20#120,6-7Зашто тие не мислат за мир, туку смислуваат измами против мирните во земјата. 21Ги отворија устите свои против мене, велејќи: „Аха! Аха! Очите наши видоа!“ 22#38,21Ти виде Господи, немој да премолчиш; Господи, не отстапувај од мене! 23#7,6; 44,23Стани, разбуди се да ме одбраниш, о Боже мој и Господи мој, води ја мојата парница! 24Пресуди ми според Твојата праведност, Господи, Боже мој, та да не ликуваат оние над мене; 25#40,13-16; 70,2-3; Ез 25,3; 26,2за да не речат во срцата свои: „Ни се исполни желбата!“ и да не кажат: „Го проголтавме.“ 26Нека бидат посрамени и исмејани сите, кои се радуваат на мојата несреќа; да се облечат во срам и бесчестие, оние што се гордеат над мене. 27#40,16Нека се зарадуваат и нека се развеселат, оние што го сакаат моето праведно дело, и непрестајно нека велат: „Велик е Господ, Кој му се радува на доброто на Својот слуга!“ 28#71,24И јазикот мој ќе зборува за праведноста Твоја и за Твојата похвала секој ден.
Селектирано:
Псалми 35: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006