нека се клони од зло и нека прави добро; да бара мир и да врви по него. Очите на Господ се насочени кон праведните, и ушите Негови – кон молитвите нивни. Но лицето на Господ е против оние што вршат зло; ќе го истреби од Земјата споменот за нив. Кога викаат праведните, Господ ги слуша и ги спасува од сите маки нивни. Блиску е Господ до оние со скршено срце, и смирените по дух ќе ги спаси. Бројни се маките на праведните, но од сите нив Господ ќе ги избави. Господ ги чува сите коски нивни; ниедна од нив нема да се скрши. Злото му носи смрт на грешникот; оние, што го мразат праведниот, ќе платат. Господ ќе ги спаси душите на слугите Свои, и никој од оние, кои прибегнуваат кон Него, нема да биде осуден.
Прочитај Псалми 34
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 34:14-22
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа