Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 34:1-9

Псалми 34:1-9 MK2006

Ќе Го благословувам Господа во секое време; похвала за Него секогаш ќе има во мојата уста. Со Господ ќе се фали душата моја! Нека го чујат тоа понизните и нека се зарадуваат. Величајте Го Господа со мене, и за­едно да го возвишуваме името Негово. Го побарав Господа, и Тој ме чу и од сите стравови мои ме избави. Кон Него погледнете и разведрете се и лицата ваши нема да се посрамат. Несреќниот вика и Господ го слуша и го спасува од сите негови неволји. Ангел Господов се улогорува околу оние, кои се бојат од Него, и ги спасува. Вкусете и ќе видите, колку е добар Господ! Блажен е оној човек, кој кај Него прибегнува! Имајте страхопочит кон Господ, сите праведници Негови, зашто ништо нема да им недостига на оние кои имаат страхопочит кон Него.