Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 34:1-22

Псалми 34:1-22 MK2006

Ќе Го благословувам Господа во секое време; похвала за Него секогаш ќе има во мојата уста. Со Господ ќе се фали душата моја! Нека го чујат тоа понизните и нека се зарадуваат. Величајте Го Господа со мене, и за­едно да го возвишуваме името Негово. Го побарав Господа, и Тој ме чу и од сите стравови мои ме избави. Кон Него погледнете и разведрете се и лицата ваши нема да се посрамат. Несреќниот вика и Господ го слуша и го спасува од сите негови неволји. Ангел Господов се улогорува околу оние, кои се бојат од Него, и ги спасува. Вкусете и ќе видите, колку е добар Господ! Блажен е оној човек, кој кај Него прибегнува! Имајте страхопочит кон Господ, сите праведници Негови, зашто ништо нема да им недостига на оние кои имаат страхопочит кон Него. Осиромашија и огладнеа богати­те, а оние што Го побараа Господа, не ќе бидат лишени од секакви добра. Дојдете, чеда, послушајте ме: јас ќе ве научам да имате страхопочит кон Господ. Сака ли човек да живее и да види добри денови, нека си го воздржува јазикот од зло и устата своја од лаги, нека се клони од зло и нека прави добро; да бара мир и да врви по него. Очите на Господ се насочени кон праведните, и ушите Негови – кон молитвите нивни. Но лицето на Господ е против оние што вршат зло; ќе го истреби од Зем­јата споменот за нив. Кога викаат праведните, Господ ги слуша и ги спасува од сите маки нивни. Блиску е Господ до оние со скрше­но срце, и смирените по дух ќе ги спаси. Бројни се маките на праведните, но од сите нив Господ ќе ги избави. Господ ги чува сите коски нивни; ниедна од нив нема да се скрши. Злото му носи смрт на грешни­кот; оние, што го мразат праведниот, ќе платат. Господ ќе ги спаси душите на слу­гите Свои, и никој од оние, кои прибегнуваат кон Него, нема да биде осуден.