Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 33:13-22

Псалми 33:13-22 MK2006

Од небесата гледа Господ, ги гледа сите синови човечки; од престолот, на кој седи, ги на­б­људува сите, кои живеат по Земјата: Тој, Кој на сите ним им ги создал срцата, пази на сите дела нивни. Не го спасува царот голема војска; голема сила ни јунакот нема да го спаси. Несигурен е коњот за спасување, со големата сила своја не може да избави. Но, ете, очите Господови се врз оние, кои имаат страхопочит кон Него и кои имаат верба во милоста Негова, дека Тој ќе ја спаси душата нивна од смрт и во време на глад ќе ги прехрани. Душата наша се надева во Господ: зашто Тој е наш помошник и наш заш­титник, зашто во Него ќе се весели срцето наше; зашто во светото име Негово веруваме. Милоста Твоја нека биде над нас, Господи, онака како што Ти се надеваме.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност