Господи, колку многу се намножија противниците мои! Мнозина се креваат против мене; мнозина велат за душата моја: нема помош за него во Бога! Но Ти, Господи, си штит мој, слава моја; Ти ја подигаш главата моја. Со гласот свој викам кон Господ, и Тој ме слуша од Својата света гора. Легнувам, спијам и станувам, зашто Господ ме чува. Не се плашам од многу илјади луѓе, што од сите страни навалиле на мене.
Прочитај Псалми 3
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 3:1-6
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа