Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 29:1-11

Псалми 29:1-11 MK2006

Воздајте Му на Господ, синови Божји, воздајте Му на Господ слава и моќ, воздајте Му слава на Господ на името Негово, поклонете Му се на Господ во Неговото светилиште. Гласот Господов е над водите; Бог на славата грми, Господ над силните води. Гласот Господов е во силата, гласот Господов полн со величес­твеност. Гласот Господов крши кедри; ги крши Господ кедрите леванонски, и направи како теле да потскокнува Ливан, а Сирион – како младо биволче. Гласот Господов фрла огнен пламен. Гласот Господов ја потресува пус­тината; ќе ја затресе Господ пустината Кадис. Гласот Господов ги породува бремените кошути и ги оголува горите; и во храмот Негов секој ја возвестува славата Негова. Господ седи на престолот над во­дите, и ќе седи Господ како цар довека. Господ ќе му даде сила на Својот народ, Господ со мир ќе го благо­слови народот Свој.