Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 29:1-11

Псалми 29:1-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Воздајте Му на Господ, синови Божји, воздајте Му на Господ слава и моќ, воздајте Му слава на Господ на името Негово, поклонете Му се на Господ во Неговото светилиште. Гласот Господов е над водите; Бог на славата грми, Господ над силните води. Гласот Господов е во силата, гласот Господов полн со величес­твеност. Гласот Господов крши кедри; ги крши Господ кедрите леванонски, и направи како теле да потскокнува Ливан, а Сирион – како младо биволче. Гласот Господов фрла огнен пламен. Гласот Господов ја потресува пус­тината; ќе ја затресе Господ пустината Кадис. Гласот Господов ги породува бремените кошути и ги оголува горите; и во храмот Негов секој ја возвестува славата Негова. Господ седи на престолот над во­дите, и ќе седи Господ како цар довека. Господ ќе му даде сила на Својот народ, Господ со мир ќе го благо­слови народот Свој.

Псалми 29:1-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Дајте Му на Господа, о Божји синови, дајте Му на Господа слава и сила! Дајте Му ја на Господа славата на Неговото име, поклонете Му се на Господа во светата убавина! Господовиот глас е над водите, Бог на славата грми, Господ е над многу води! Господовиот глас е силен, Господовиот глас е величествен. Господовиот глас ги крши кедрите, Господ ги крши ливанските кедри. И скокаат од Него: Ливан како теле, а Сирион како младо биволче! Господовиот глас цепи пламени секавици, Господовиот глас ја растресува пустината, Господ ја растресува пустината Кадис. Господовиот глас прави кошутите да се осрнат, и ги разголува горите; и во храмот Негов секој вели: „Слава!“ Господ царува над водните бранови, Господ седи на престолот како Цар засекогаш! Господ му дава сила на Својот народ, Господ го благословува Својот народ со мир.