Псалми 24
24
ПСАЛМ 24
Свечено влегување на Великот Цар во светилиштето
1 #
89,11; 1 Кор 10,26 Господова е земјата и сѐ што ја исполнува, вселената и оние што живеат во неа, 2#46,2; 75,3; 104,5; Јов 38,4-6зашто Тој ја основа врз морињата, и на реки ја утврди. 3#15,1-5Кој може да излезе на гората Господова и кој ќе застане на Неговото свето место? 4#26,6; Мт 5,8Оној, чии раце се невини и чие срце е чисто, кој не си ја продава душата своја на лажни работи и не се заколнува лажно. 5Тој ќе добие благослов од Господ и награда од Бога, Својот Спасител. 6Таков е родот на оние што Го бараат Него, кои Го бараат Бог Јаковов! 7#118,19-20; 2 Сам 6,12-16; Ез 44,2; Мал 3,1Подигнете ги, порти, главите свои, бидете подигнати вие, вечни врати, за да влезе Царот на славата! 8Кој е тој Цар на славата? – Крепкиот и силниот Господ, силниот во војна Господ. 9Подигнете ги, порти, главите свои, бидете подготвени вие, вечни врати, за да влезе Царот на славата! 10#2 Мојс 24,16Кој е Царот на славата? – Господ над војските – Тој е Цар на славата!
Селектирано:
Псалми 24: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006