Боже мој! Те призивам дење – и Ти не слушаш, и ноќе – и нема мир за мене. Сепак, Ти си свет, опкружен со пофалби од Израел. На Тебе се надеваа татковците наши; се надеваа и Ти ги избави; кон Тебе викаа, и се спасуваа; на Тебе се надеваа, и не се посрамија. А јас сум црв, а не човек, потсмев за луѓето и презир во народот. Сите, што ме гледаат, ми се подбиваат; нишајќи ги главите, велат: „Тој се надеваше на Господ, нека го избави, нека го спаси, ако Му е угоден!“
Прочитај Псалми 22
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 22:2-8
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа