Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 17

17
ПСАЛМ 17
Праведникова молитва
1 # 7,8; 26,1; 61,1; 86,6; 143,1 Слушни ја, Господи, правдата моја, чуј го мојот повик, прими ја молитвата моја што не излегува од лажлива уста. 2Од Твоето присуство нека излезе пресудата за мене; очите Твои нека ја гледаат правдината. 3#7,9; 26,2; 66,10; 139,1-3.23; Јов 7,18; 23,10Ако го искушаш срцето мое, ако ме посетиш ноќе; ако ме провериш: нема да најдеш злонамерност во мене. Не згреши устата моја, 4#Јов 23,12; 27,4како што прават другите; поради зборовите на устата Твоја, јас го од­бегнував патот на насилниците. 5Стапките мои беа непоколебливи на патиштата Твои, нозете мои не за­странија. 6#31,2; 86,1; 88,2; 102,2Кон Тебе викам, зашто Ти ќе ме чуеш, Боже; приклони го увото Свое кон мене, и чуј ги зборовите мои. 7Покажи ја чудесната милост Твоја, Ти, кој ги избавуваш оние што се засолнуваат од непријателите – покрај Тво­јата десница. 8#36,7; 57,1; 61,4; 63,7; 91,4; 5 Мојс 32,10.11; Зах 2,12; Изреки 7,2; Мт 23,37; Лк 13,34Пази ме како зеница на окото; засолни ме под сенката на Твоите крилја, 9од лицето на нечестивите, кои ме напаѓаат, од непријателите на душата моја, што ме опкружуваат; 10#73,7; 119,70тие срцето свое го затворија за милост, а со устата своја – горделиво зборуваат. 11Гонејќи ме, сега ме опколуваат; тие ги управија очите свои за да ме соборат на земја; 12#7,2; 10,9; 22,13; 35,17; 57,4тие се како лав, подготвен за лов и како лавче, кое стои во заседа. 13Стани, Господи, пресретни ги и собори ги; со Својот меч спаси ја ду­шата моја од нечестивиот, 14а со раката Своја од луѓето, Гос­поди, од луѓето чиј дел е само овој жи­вот. Нека им се наполнат стома­ците со твоите добра, нека се наситат нивните синови и нека им остават од вишокот на децата свои. 15#4,7; 11,7; 73,25-26; 4 Мојс 12,8; Откр 22,4А јас ќе го гледам лицето Твое во правда, ќе се наситам од ликот Твој, кога еднаш ќе се разбудам.

Селектирано:

Псалми 17: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се