Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 16

16
ПСАЛМ 16
Добро наследство на светиите
1 # 31,1 Закрили ме Боже, зашто кај Тебе се засолнувам. 2Му реков на Јахве: „Ти си Господ мој: без Тебе, нема блаженства за мене.“ 3По светиите, кои се на земјата – вистинските благородници – со радост копнеам. 4#2 Мојс 23,13; Ер 7,18; Ос 1,2-9; Зах 13,2Оние што следат туѓи богови, ги намножуваат своите страдања; јас нема да ги принесувам нивните кр­вави преливи и со устата своја нема да ги спомнам нивните имиња. 5#11,6; 73,26; 109,31; 142,5; 4 Мојс 18,20; 5 Мојс 10,9; 18,1; Ер 10,16; Плач 3,24; Дела 2,25-28Господ е дел на моето наследство и од чашата моја. Ти си Оној Кој го држи в раце наследството мое. 6Меѓите ми паднаа на најубавото; зашто наследството ми е најубаво. 7Ќе Го благословувам Господа, Кој ме вразумува; па дури и ноќе ме учи мојот внатрешен глас. 8Секогаш пред очи ми е Господ, зашто Тој е од мојата десна страна, за да не се поколебам. 9Заради тоа се радува срцето мое, и воскликнува јазикот мој; па дури и телото мое спокојно почива, 10#Дела 13,35зашто Ти нема да ми ја оставиш душата моја во пеколот, ниту, пак, светецот Твој да види распаѓање. 11#Изреки 5,6; 15,24Ти ми го покажа патот на животот; полнота од радост има пред Твоето присуство; вечно блаженство е во Твојата десница.

Селектирано:

Псалми 16: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се