Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 140

140
ПСАЛМ 140
Молитва на верна душа
1Спаси ме, Господи, од злобен човек и избави ме од насилници; 2#18,48; 43,1; 2 Сол 3,2тие смислија зло во срцето свое, се­кој ден зачнуваат војни; 3#56,5ги изострија јазиците свои како зми­ја; под устите им е аспидин отров. 4#58,4; Рим 3,13; Јк 3,8Запази, ме, Господи, од рацете на нечестив човек. Избави ме од луѓе на­силници, кои смислија да ми подметнат нога. 5Горделивите тајно поставија ста­пица, и распнаа примки од јажиња за мене; на патот ми поставија примка. 6#35,7; 142,3; Јов 18,10Јас Му реков на Господ: Ти си Бог мој: слушни го, Господи, гласот на мое­то молење. 7#31,14; 141,1Господи, Господи, сило на моето спасение! Ти, Кој во денот на битката ја засолни главата моја, 8не давај, Господи, да му се исполни желбата на нечестивиот; не давај да постигнат, што намислија за да не се возгордеат. 9Главата своја да не ја подигнат оние што ме опколија; нека падне врз нив злобата на нивната сопствена уста. 10#Изреки 12,13Нека паднат врз нив жарени јаглења; да бидат фрлени во јама, па да не станат. 11#11,6; 55,23; 1 Мојс 19,24; 4 Мојс 16,31-32Клеветникот нема да се одржи на земјава; злото ќе го одвлече неправедниот човек во погибел. 12Знам дека Господ ќе покаже правда за угнетените и милост за сиромасите. 13#146,7Да, праведниците ќе го испове­даат името Твое, и непорочните ќе се населат пред лицето Твое.

Селектирано:

Псалми 140: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност