Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 138

138
ПСАЛМ 138
Благодарност поради помош Божја
1 # 9,1; 86,12 Ќе Те славам Тебе, Господи, со сето срце свое и ќе Ти пеам пред ангелите Твои, зашто ги слушна сите зборови на устата моја. 2#5,7Се поклонувам пред светиот Твој храм и го славам името Твое за милоста Твоја и за верноста Твоја, зашто го возвеличи името Свое свето над сѐ. 3Во оној ден кога ќе Те повикам, ус­лиши ме брзо, внеси бодрост во душата моја. 4#68,32Ќе Те прославуваат, Господи, сите земни цареви, штом ќе ги чујат зборо­вите од Твојата уста, 5и ќе воспеваат за патиштата Госпо­дови, зашто е голема славата Господо­ва. 6#113,5-6Зашто возвишен е Господ: и пониз­ниот го гледа, а горделивиот оддалеку го познава. 7#23,4; 118,16Кога ќе се најдам во неволји – Ти живот ми даваш, ја пружаш раката и Твојата десница ме спасува. 8#106,1; 136; Јов 14,15Господ ќе направи што е добро за мене! Твојата милост, Господи, е веч­на; делата на рацете Свои не оставај ги!

Селектирано:

Псалми 138: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се