Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 137

137
ПСАЛМ 137
Тагување на заробените во Вавилон
1 # Ез 3,15; Плач; 3,48-51 Крај реките вавилонски – таму се­девме и плачевме, кога ќе се сетевме на Сион; 2#Ис 24,8; Ер 25,10на врбите, среде Вавилон, ги зака­чивме нашите харфи. 3Зашто таму, оние што нѐ заробија и кои нѐ одведоа, побараа од нас радосна песна, велејќи ни: „Пејте ни од песните сионски!“ 4Како да запееме Господова песна на туѓа земја? 5#Ер 51,50Ако те заборавам тебе, Ерусалиме, – нека ме заборави мојата десница, 6#22,15; Ез 3,26; Јов 29,10нека се залепи јазикот мој за непцето мое, ако не те помнам, ако не го пос­тавам Ерусалим над секоја моја радост. 7#Ез 25,12-14; Авд; 1,10-14; Плач 4,21Сети се, Господи, на синовите Едомови, во денот на Ерусалим, кога тие говореа: „Разрушете, разрушете го до темелите негови!“ 8#28,4Ќерко вавилонска, опустошителко, блажен е оној, што ќе ти врати за делото што ни го направи! 9#Ис 13,16; Ос 14,1; Наум 3,10; Лк 19,44Блажен е оној што ќе ги заграби и ќе ги разбие од камен децата твои.

Селектирано:

Псалми 137: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се