Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 135

135
ПСАЛМ 135
Похвална песна на Господ
1 # 113,1 Алилуја! Фалете го името Госпо­дово, фалете го, слуги Господови, 2#134,1вие кои стоите во домот Господов, во дворовите од домот на нашиот Бог. 3#54,7; 106,1Фалете Го Господа, зашто Господ е добар; пејте Му на името Негово, зашто тоа е мило; 4#Ис 41,8зашто Господ го избра Јаков за Себе, Израел за Свој сопствен посед. 5#95,3; 2 Мојс 18,11Бидејќи знам дека Господ е велик и дека нашиот Господ е над сите богови: 6#115,3Господ прави сѐ што ќе посака, на небото и на Земјата, во морињата и во сите бездни; 7#Ер 10,13; 51,15доведувајќи облаци од краиштата на земјата, молњи при дожд создаде, Тој, Кој ги изведува ветровите од скровиш­тата нивни, 8#78,51; 136,10; 2 Мојс 11,5; 12,28Оној, Кој ги порази првородените во Египет од човек до добиток, 9#5 Мојс 11,3покажа знаци и чудеса среде тебе, Египте, на фараонот и врз сите слуги негови, 10#136,17-22; 5 Мојс 1,4порази многу народи и истреби сил­ни цареви: 11#4 Мојс 21,33-34; Неем 9,22Сихон, царот аморејски, и Ог, царот башански, и сите цареви ханански; 12и му ја даде нивната земја во на­с­ледство на Својот народ Израел. 13#102,12; 2 Мојс 3,15Господи, името Твое е вечно; Гос­поди, споменот за Тебе е од род во род. 14#72,2; 5 Мојс 32,36; Евр 10,30Зашто Господ ќе го штити Својот народ и ќе биде милостив над слугите Свои. 15#115,4-8; 5 Мојс 4,28Идолите на незнабошците се сребро и злато, дело на раце човечки; 16имаат уста, но не говорат; имаат очи, но не гледаат; 17имаат уши, но не слушаат ниту, пак, во устата нивна има здив. 18Слични на нив ќе бидат и оние, кои ги прават, и секој кој на нив се надева. 19Доме Израелов, благословувај Го Господа! Доме Аронов, благословувај Го Господа! 20Доме Левиев, благословувај Го Гос­пода! И вие, кои се боите од Господ, благословувајте Го Господа! 21Нека е благословен Господ од Сион, Кој живее во Ерусалим!

Селектирано:

Псалми 135: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се