Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 126

126
ПСАЛМ 126
Благодарност на Бога поради избавување
1 # 14,7; 53,6; 85,1; Јов 8,21 Кога Господ ги врати сионските заробеници, ние бевме како во сон; 2#Јов 8,21тогаш устата ни се исполни со ра­дост, и јазикот наш – со весела песна; тогаш меѓу незнабошците се говореше: „Големи дела изврши Господ над нив!“ 3Големи дела изврши Господ на нас: ние се развеселивме. 4#Ис 25,8-9; Дела 20,19Врати ги, Господи заробените наши, како потоците во Негев. 5#Ис 65,19; Ер 31,9; Јн 12,24; 16,20Оние што сеат со солзи, нека жне­ат со голема радост. 6Одеа и плачеа оние што носеа свое семе; но со радост ќе се вратат, носејќи ги своите снопја.

Селектирано:

Псалми 126: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се