Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 116

116
ПСАЛМ 116
Благодарност и завет на Господ поради спасувањето од смртта
1 # 18,1; 66,19 Се радувам дека Господ ќе го усли­ши гласот на моето молење, 2зашто го приклони кон мене Свое­то уво, и затоа ќе Го повикувам преку сите мои дни. 3#18,4-6; 55,4; 2 Сам 22,5-7; Јона 2,3Смртни болки ме обзедоа, пеколни маки ме стигнаа; се најдов во неволја и мака. 4#6,4; Јоил 3,5Тогаш го повикав името Госпо­дово: О, Господи, избави ја душата моја! 5#2 Мојс 34,6Милостив е Господ и праведен, и милосрден е нашиот Бог. 6Господ ги пази слабите: бев во мака и Тој ми помогна. 7#13,5Врати се, душо моја, во својот мир, зашто Господ постапи добро со тебе, 8#27,13; 52,5; 56,13; 142,5; Ис 25,8; 38,10бидејќи душата моја ја истргна од смрт, очите мои – од солзи, и нозете мои – од сопнување. 9Одам со благодарност пред лицето на Господ во земјата на живите.
Исполнување на заветот Господов
10 # 1 Кор 4,13 Верував и кога говорев: во голема мака сум. 11#12,2; 31,22; 62,9; Рим 3,4Во мојата необмисленост си ре­ков: секој човек е лажливец. 12#13,5Што да Му дадам на Господ за сите Негови добрини што ми ги направи мене? 13#1 Кор 10,16Ќе ја земам чашата на спасението и името на Господ ќе го повикам. 14#22,25; 50,14; 56,12; Јона 2,10Заветите ќе Му ги упатам на Гос­под пред целиот Негов народ. 15#72,14; Ис 43,4Скапа е во очите на Господ смртта на Неговите светии. 16#86,16; 119,125; 143,12О, Господи, јас сум слуга Твој, јас сум слуга Твој и син на Твојата слугинка. Ти ги скрши моите окови. 17#50,14-15; 105,1; 107,22; 3 Мојс 7,11; Евр 13,15Тебе ќе Ти принесам благодар­ствена жртва; 18#Јона 2,10ќе ги исполнам заветите мои на Господ пред сиот Негов народ. 19Во предворјето на домот Госпо­дов, среде тебе, Ерусалиме!

Селектирано:

Псалми 116: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се