Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 112

112
ПСАЛМ 112
Блажени се оние кои се бојат од Бога и кои се милостиви
1 # 1,1-2; 128,1 Алилуја! Блажен е оној човек, кој се бои од Господ и кому му се мили Него­вите заповеди. 2#25,13; 37,26; 102,28Неговото потомство ќе биде силно на земјата; родот на праведните ќе биде благословен. 3#111,3; Изреки 3,16Слава и богатство ќе има во него­виот дом; и правдата негова ќе преус­пева вечно. 4#37,6; 97,11; 111,6; Ис 58,10; Јов 22,28; Изреки 13,9На праведните во темнина им изгрева светлина; тие се благородни, милос­тиви и справедливи. 5#37,21.26; Изреки 14,21; Лк 6,35Има добро за човек што е дареж­лив и на заем дава; тој праведно ги извршува своите работи; 6#15,5и никогаш нема да се разниша; пра­ведниот останува во вечен спомен. 7Од лоши гласови нема да се уплаши; срцето му е спремно, зашто се надева на Господ. 8#118,7Срцето му е цврсто: тој нема да се уплаши, кога – годе ќе погледне во не­пријателите свои. 9#75,10; 89,17; 92,10; 2 Кор 9,9Тој разделува, дава на сиромаси; правдата негова останува вечно; него­виот рог ќе се возвиши во слава. 10#35,16Грешниот, кога ќе го види тоа, ќе се јадосува, ќе крцка со забите свои и ќе се топи. Желбата на грешникот пропаѓа.

Селектирано:

Псалми 112: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност