Псалми 111
111
ПСАЛМ 111
Благодарствена песна за духовните и телесните дарови Божји
1 #
138,1; 149,1 Алилуја! Ќе Те славам, Господи, од сѐ срце во советот на праведните и во собранието. 2#92,5; Откр 15,3Големи се делата на Господ, нека размислуват за нив сите што уживаат во нив. 3#112,3.9; Ис 51,6Неговото дело е слава и великолепие, а правдата Негова вечно ќе постои. 4#86,15; 103,8; 112,4Незаборавни ги направи чудесата Свои, милостив и штедар е Господ. 5#105,8Им дава храна на оние, кои се бојат од Него; вечно го помни заветот Свој. 6#Ер 27,5Силата на делата Свои му ја покажа на Својот народ, за да му ги даде незнабошците во наследство. 7#19,7; 93,5Делата на рацете Негови се верност и правда; и верни се сите заповеди Негови, 8#19,9; 148,6; Ис 40,8утврдени засекогаш, засновани врз верност и правдина. 9#105,10; 5 Мојс 28,58; Лк 1,49.68Тој му испрати избавување на Својот народ; засекогаш го установи Својот завет. Свето е и страшно името Негово. 10#Јов 28,28; Изреки 1,7; 9,9Почеток на мудроста е стравот од Господ; здрав разум имаат сите, кои според неа постапуваат. Похвалата Негова пребива вечно.
Селектирано:
Псалми 111: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006