Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 107:1-21

Псалми 107:1-21 MK2006

Славете Го Господа, зашто е до­бар, зашто е вечна милоста Негова! Така да велат избавените од Господ, оние што ги откупи од непријателска рака. И ги собра од земјите, од исток и од запад, од север и од морето. Тие скитаа по безводната пустина и нигде пат ниту населен град не најдоа; трпеа глад и жед, душата им ос­лабна во нив, но во жалоста своја Го повикаа Гос­пода, и Тој ги избави од нивните неволји и ги поведе по правиот пат, за да одат кон населен град. Нека Го слават Господа за милос­та Негова и за чудесата Негови што им ги направи на синовите човечки: зашто Тој ја напојува жедната душа и душата гладна ја исполнува со блага. Тие седеа во темнина и смртна сен­ка, оковани со сиромаштија и железо; бидејќи не се покорија на зборо­вите Божји и се противеа на волјата на Се­вишниот. Тој го скрши нивното срце со мака, се сопнаа, и немаше кој да им помогне. Тогаш во тагата своја повикаа кон Господ, и Тој ги спаси од маките нивни; ги изведе од темнината и смртната сенка и ги раскина оковите нивни. Нека Го слават Господа за милос­та Негова и за Неговите чудесни дела кон синовите човечки, зашто Тој ги здроби бронзените порти и ги скрши железните резиња. Неразумните страдаа поради своите грешни патишта и поради беззаконијата свои! Од секоја храна им се одвраќаше душата, и се приближија до вратата на смртта. Но во тагата своја повикаа кон Господ, и Тој ги спаси од неволјите нив­ни; го испрати Своето слово, ги изле­кува и ги спаси од пропаст. Нека Го прославуваат Господа за милоста Негова спрема синовите човеч­ки!

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Псалми 107:1-21