Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 107:1-21

Псалми 107:1-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Славете Го Господа, зашто е до­бар, зашто е вечна милоста Негова! Така да велат избавените од Господ, оние што ги откупи од непријателска рака. И ги собра од земјите, од исток и од запад, од север и од морето. Тие скитаа по безводната пустина и нигде пат ниту населен град не најдоа; трпеа глад и жед, душата им ос­лабна во нив, но во жалоста своја Го повикаа Гос­пода, и Тој ги избави од нивните неволји и ги поведе по правиот пат, за да одат кон населен град. Нека Го слават Господа за милос­та Негова и за чудесата Негови што им ги направи на синовите човечки: зашто Тој ја напојува жедната душа и душата гладна ја исполнува со блага. Тие седеа во темнина и смртна сен­ка, оковани со сиромаштија и железо; бидејќи не се покорија на зборо­вите Божји и се противеа на волјата на Се­вишниот. Тој го скрши нивното срце со мака, се сопнаа, и немаше кој да им помогне. Тогаш во тагата своја повикаа кон Господ, и Тој ги спаси од маките нивни; ги изведе од темнината и смртната сенка и ги раскина оковите нивни. Нека Го слават Господа за милос­та Негова и за Неговите чудесни дела кон синовите човечки, зашто Тој ги здроби бронзените порти и ги скрши железните резиња. Неразумните страдаа поради своите грешни патишта и поради беззаконијата свои! Од секоја храна им се одвраќаше душата, и се приближија до вратата на смртта. Но во тагата своја повикаа кон Господ, и Тој ги спаси од неволјите нив­ни; го испрати Своето слово, ги изле­кува и ги спаси од пропаст. Нека Го прославуваат Господа за милоста Негова спрема синовите човеч­ки!

Псалми 107:1-21 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Славете Го Господа, зашто е благ, зашто Неговата милост е вечна! Така нека речат сите избавеници, кои Господ ги избави од непријателските раце, и кои ги собра од сите земји: од исток и запад, од север и југ. Скитаа низ пустината, во пуста осаменост, не наоѓајќи пат до населен град. Беа гладни, изморени од жед, душата истоштена во нив. Тогаш извикаа на Господа во својата тешкотија, и Тој ги избави од сите неволји. Ги поведе по правиот пат, за да стигнат до населен град. Нека Го слават Господа за Неговата милост, за Неговите чудеса кон човечките синови, зашто Тој ја насити гладната душа, Тој ја наполни со добрина изгладнетата душа. Седеа во мрак и во темнина, оковани со беда и со железо, зашто ѝ се противеа на Божјата беседа и го презреа наумот на Сѐвишниот. Заради тоа им го скрши срцето со страдања, се слизнуваа, а немаше никој да им помогне. Тогаш извикаа кон Господа во својата тешкотија, и Тој ги спаси од сите неволји. Ги изведе од мрак и од темнина, ги скина нивните окови. Нека Го фалат Господа за Неговата добрина, за Неговите чудеса кон човечките синови! Зашто ја разби бронзената врата и ги скрши железните лостови. Неразумните се мачеа заради своите бунтовни патишта, поради своите безумности, се мачеа. Секое јадење ѝ се гадеше на нивната душа, дојдоа до вратата на смртта. Тогаш извикаа кон Господа, во својата беда, и Тој ги спаси од сите неволји. Го испрати Своето слово, за да ги оздрави, и за да им го спаси животот од гробната јама. Нека Го фалат Господа за Неговата добрина, за Неговите чудеса кон човечките синови!