Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 106:16-30

Псалми 106:16-30 MK2006

Му позавидоа на Мојсеј во логорот и на Арон, светецот Гос­подов. Се отвори земјата, го голтна Датан и ја покри дружината на Ави­рон. И пламна оган врз нив, и пламенот ги изгори нечестивите. Направија теле на Хорив и му се поклонија на идолот. Ја заменија својата слава со лик на теле, што јаде трева. Го заборавија Бога, својот Спаси­тел, Кој изврши големи дела во Египет, чудеса во Хамовата земја, страш­ни дела при Црвеното Море. И рече дека ќе ги истреби, но Мој­сеј, Неговиот избраник, се застапи за нив во пукнатината, за да ја од­врати јароста Негова, та да не ги погуби. Тие ја презреа саканата земја, не Му веруваа на зборот Негов; и роптаа во шаторите свои, не го послушаа гласот Господов. Тој крена рака и им се заколна дека ќе ги погуби во пустината, ќе го расее нивното семе меѓу на­родите и дека ќе ги растури по земјите. Тие се придружија кон Ваал-Пе­ор и јадеа жртви, принесувани на мртви, Го дразнеа Бога со делата свои, и на нив падна погибел. Но стана Пинеас, се зазеде и по­морот престана.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност