Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 106:16-30

Псалми 106:16-30 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Му позавидоа на Мојсеј во логорот и на Арон, светецот Гос­подов. Се отвори земјата, го голтна Датан и ја покри дружината на Ави­рон. И пламна оган врз нив, и пламенот ги изгори нечестивите. Направија теле на Хорив и му се поклонија на идолот. Ја заменија својата слава со лик на теле, што јаде трева. Го заборавија Бога, својот Спаси­тел, Кој изврши големи дела во Египет, чудеса во Хамовата земја, страш­ни дела при Црвеното Море. И рече дека ќе ги истреби, но Мој­сеј, Неговиот избраник, се застапи за нив во пукнатината, за да ја од­врати јароста Негова, та да не ги погуби. Тие ја презреа саканата земја, не Му веруваа на зборот Негов; и роптаа во шаторите свои, не го послушаа гласот Господов. Тој крена рака и им се заколна дека ќе ги погуби во пустината, ќе го расее нивното семе меѓу на­родите и дека ќе ги растури по земјите. Тие се придружија кон Ваал-Пе­ор и јадеа жртви, принесувани на мртви, Го дразнеа Бога со делата свои, и на нив падна погибел. Но стана Пинеас, се зазеде и по­морот престана.

Псалми 106:16-30 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Му завидеа тогаш на Мојсеја, во логорот, на Арона, Господовиот светија. Земјата се отвори и го голтна Датана, и ја покри Авироновата дружина. Оган падна врз сета негова дружба и пламенот ги изгоре злотворите. Направија теле во Хорив, му се поклонуваа на лик излеан од злато. Ја заменија својата Слава со лик на бик, што јаде трева. Го заборавија Бога, Спасителот свој; во Египет, правејќи знаци и чудеса во Хамовата Земја, и стравотии при Црвеното Море. Веќе намисли да ги сотре, но Мојсеј, Неговиот избраник, се зазеде за нив, за да Му го одврати гневот и да не ги уништи. Ја презреа тие пожелуваната земја, не верувајќи Му на Неговото слово. Роптаа под своите шатори, не го послушаа Господовиот глас. Се заколна тогаш со крената рака: ќе ги покоси сите во пустината, ќе го распрсне нивното поколение меѓу народите, ќе ги растури нив по земјата. Му се посветија на Валфегора и јадоа жртви за мртвите. Го предизвикаа со своите зли дела, и Тој фрли на нив помор. Но стана Финес, и Го умилостиви, и поморот го снема тогаш.