Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 103:1-18

Псалми 103:1-18 MK2006

Благословувај Го, душо моја, Госпо­да, и целата моја внатрешност да го благословува Неговото свето име! Благословувај Го, душо моја, Госпо­да и не заборавај ги сите Негови добрини, на Оној, Кој ги очистува сите твои беззаконија, Кој ги исцелува сите твои болести; Кој го избавува од пропаст твојот живот, Кој те овенчува со милост и со добрини. Кој го исполнува со добра животот твој, како на орел ти ја обновува твојата младост. Господ им дава милост и правда на сите угнетени. Тој му ги покажа Своите патишта на Мојсеј, на Израеловите синови – де­лата Свои. Штедар и милостив е Господ, долготрпелив и многумилостив; Тој не се гневи до крај, ниту вечно се лути. Тој не постапува со нас според на­шите беззаконија и не ни плаќа спо­ред нашите беззаконија; зашто, колку е големо растојанието од небото до Земјата, толку е голема милоста на Господ спрема оние што се бојат од Него; колку е далеку исток од запад, тол­ку ги оддалечува Тој од нас на­шите престапи; како таткото што ги милува сино­вите, така и Господ ги милува оние, кои се бојат од Него. Зашто Тој го знае нашиот состав, помни дека сме прав. Дните на човекот се како трева; ка­ко полски цвет, така прецутува тој; ќе дувне ли над него ветар, и веќе го нема, и местото негово веќе не го памети. А милоста на Господ е од век до век спрема оние, кои се бојат од Него, и правдата Негова е од чеда на чеда, кои го чуваат заветот Негов и ги помнат заповедите Негови.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност