Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 102:14-28

Псалми 102:14-28 MK2006

бидејќи на Твоите слуги им оми­леа и камењата негови и за правот негов жалат. Незнабошците ќе се заплашат од името на Господ, а сите земни цареви – од Твојата слава. Зашто Господ ќе го изгради Сион и ќе се појави во славата Своја; ќе погледне милостиво на молит­вите од беспомошните и нема да ги презре молбите нивни. Нека се запише ова за следниот род, та идното поколение да Го слави Господа, зашто се јави од светата Своја ви­сочина, Господ од небесата погледна на Земјата, за да ги чуе офкањата на оковани­те, да ги ослободи осудените на смрт, за да го разгласат името Господо­во на Сион и похвалата Негова во Еру­салим, кога ќе се соберат народите и цар­ствата заедно да Му служат на Господ. Тој ми ја откажа заштитата Своја на патот мој, ги скрати дните мои. Боже мој! Не земај ме на половината од деновите мои! Твоите години се од род во род. Во почетокот Ти, Господи, ја основа Земјата, небесата се дело на Твоите раце; тие ќе пропаднат, а Ти ќе пребиваш; сите тие – како облека ќе оветвеат, и како наметка Ти ги менуваш и тие исчезнуваат. Но Ти си секогаш истиот, и Твоите години нема да завршат. Синовите на Твоите слуги ќе се ве­селат и потомството нивно ќе се зацврс­ти за навек.