Господи, услиши ја молитвата моја и повикот мој нека дојде до Тебе! Не одвраќај го лицето Свое од мене, во денот на мојата жалост приклони го увото Твое кон мене; во денот, кога Те повикувам, услиши ме бргу, зашто дните ми исчезнуваат како дим, а коските мои горат како оган; попарен сум како трева, срцето ми е исушено, така што заборавам и лебот свој да го јадам; од гласот на моите воздишки коските ми се залепија за телото мое. Заприлегав на пеликан во пустина; станав како був во урнатини; не спијам, седам како самотна птица на покрив. Секој ден ме навредуваат непријателите мои, и фалејќи се, ме проколнуваат. Јадам пепел како леб и пијалакот свој со солзи го мешам. Поради гневот и јароста од лицето Твое бев подигнат, а потоа соборен. Дните мои исчезнуваа како вечерна сенка и јас се сушам како сено. А Ти, Господи, вечно пребиваш; и името Твое е од род во род. Стани, смилувај му се на Сион, зашто време е да се смилуваш на него – зашто дојде времето
Прочитај Псалми 102
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 102:1-13
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа