Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 10:1-9

Псалми 10:1-9 MK2006

Зошто стоиш далеку Господи, зо­што се сокриваш во време на неволји? Во горделивоста нечестивиот ги мачи бедните бездушно, и тие паѓаат во замките негови. Бидејќи грешникот се гордее со лакомството на душата своја, колне и Господа Го презира. Во својата горделивост, грешникот вели: „Ќе нема истрага!“, а во себе мисли: „Бог не постои!“ Патиштата негови се секогаш ус­пешни, судовите Твои се многу високи, за да мисли на нив, а на непријателите свои им се потсмева. И во срцето свое си вели: нема да бидам соборен, во ниеден род зло нема да ме снајде! Устата му е полна со клетви, измами и навреди; под јазикот негов пакост и неправда. Седи во заседа покрај селата, на скришни места за да убива невини, очи­те негови демнат беспомошни. Исчекува скришум како лав во пештера, со намера да фати беден, и кога ќе фати, го одвлекува во својата мрежа.