Псалми 10:1-9
Псалми 10:1-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Зошто стоиш далеку Господи, зошто се сокриваш во време на неволји? Во горделивоста нечестивиот ги мачи бедните бездушно, и тие паѓаат во замките негови. Бидејќи грешникот се гордее со лакомството на душата своја, колне и Господа Го презира. Во својата горделивост, грешникот вели: „Ќе нема истрага!“, а во себе мисли: „Бог не постои!“ Патиштата негови се секогаш успешни, судовите Твои се многу високи, за да мисли на нив, а на непријателите свои им се потсмева. И во срцето свое си вели: нема да бидам соборен, во ниеден род зло нема да ме снајде! Устата му е полна со клетви, измами и навреди; под јазикот негов пакост и неправда. Седи во заседа покрај селата, на скришни места за да убива невини, очите негови демнат беспомошни. Исчекува скришум како лав во пештера, со намера да фати беден, и кога ќе фати, го одвлекува во својата мрежа.
Псалми 10:1-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зошто, Господи, стоиш далеку, зошто се криеш во време на неволја? Од гордоста на нечесните се измачуваат бедните; нека се фатат во сплетките што ги замислија. Безбожникот се фали со желбите на својата душа; среброљубецот се одречува од Господа и Го презира. Безбожникот вели во својата гордост: не, нема истраги! Па нема ни Бог! Такво е неговото мислење. Неговите патишта секогаш се опаки; на Твоите судови тој и не мисли; ги презира сите свои противници. Во своето срце вели: „Нема да се расколебам! Нема да бидам несреќен - од род во род.“ Устата му е полна со клетви, итрини и измами, под неговиот јазик има злоба и гибел. Седи во заседа, покрај оградите во селата, потајно го убива невиниот, со очите го демне бедниот. Седи во засолниште, како лав во пештера, демне да го ограби сиромашниот и да го вовлече во својата мрежа.