Кој ќе најде жена добродетелна? Таа е поскапа и од најскапоцените камења. Срцето на мажот нејзин е убедено во неа, тој нема да остане без добивка; таа ќе му прави добро на мажот свој, во сите дни од животот негов. Набавува волна и лен, и весело работи со рацете свои. Таа е како трговски кораб, – оддалеку си донесува храна. Таа станува уште преку ноќта и дава храна во куќата своја и им определува работа на слугинките свои. Ќе помисли ли за нива, ја купува; од плодот на рацете свои си насадува лозје. Ја препашува со сила половината своја и ги зајакнува рацете свои. Таа гледа колку ѝ напредува работата, и светилката нејзина не се гасне ноќе. Ги протега рацете кон фурката, и прстите нејзини се фаќаат за вретеното. Дланката своја му ја отвора на сиромав, и раката своја на оној, кој има нужда, му ја подава. Не се плаши од студ за челадта своја, зашто сета челад нејзина е облечена во двојни алишта. Таа си ткае покривачи: од висон и пурпур е нејзината облека. Мажот нејзин е познат кај портите, кога седи со старешините на земјата. Таа работи покривки и ги продава, и со појаси ги снабдува Хананците. Здравје и убавина е нејзината облека, и весело гледа на иднината. Со мудрост ја отвора устата своја, и кротка поука има на јазикот нејзин. Го надгледува домаќинството свое и не јаде леб во леност. Стануваат децата и ја благословуваат, – мажот, и тој ја фали: „Многу жени добродетелни имало, многу од нив стекнале богатство и сила, но ти ги надмина сите.“ Миловидноста е примамлива и убавината – суетна; но жена, која се плаши од Господ, е достојна за пофалба.
Прочитај Изреки 31
Сподели
Спореди ги сите верзии: Изреки 31:10-30
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа