Блажен е човекот, кој се здобил со мудрост, и човек, што спечалил разум; подобро е да ја добиеме неа, отколку ризници со сребро и злато; таа е поскапа и од скапоцените камења; и сѐ што ти е мило, не може да се спореди со неа. Во десницата нејзина е долговечноста, а во левицата ѝ е богатството и честа; патиштата нејзини се пријатни патишта, и сите патеки нејзини се спокојни. Таа е дрво на животот за оние, што ја придобиваат, и блажени се, оние кои ја запазуваат. Господ со мудрост ја основа земјата, со разум ги утврди небесата; преку Неговата мудрост се отвораат бездните, и облаците пуштаат роса. Синко, не испуштај ги од превид овие работи; запази ја мудроста и разумот; тие ќе бидат живот за душата твоја и украс на вратот твој; тогаш ќе одиш безопасно по патот свој, и ногата твоја нема да се сопне. Кога ќе легнеш да спиеш, нема да се плашиш, и кога ќе заспиеш, сонот ќе ти биде пријатен. Нема да се исплашиш од ненадеен страв, ниту од напад, кој доаѓа од безбожниците, бидејќи Господ ќе биде на сите твои патишта и ќе ја запази ногата твоја од препнување.
Прочитај Изреки 3
Сподели
Спореди ги сите верзии: Изреки 3:13-26
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа