Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 29

29
1 # 1,24-31; 6,15 Човек, кој, иако разобличуван, останува тврдоглав, неочекувано ќе биде скршен, и ќе нема за него лек. 2#11,10Кога праведниците се умно­жуваат, народот се весели, а кога безбожниот господари, народот офка. 3#15,20; Лк 15,13Човек, кој ја сака мудроста, го радува татко си; а кој се дружи со блудници, имотот го растура. 4#8,15Царот со правда ја зајакнува земјата своја, а кој љуби подароци, ја расипува. 5#11,9Човек кој му ласка на пријателот, поставува стапица за нозете негови. 6#22,5Гревот на лошиот човек е стапица за него, а праведникот ќе се весели и ќе се радува. 7#21,13Праведниот грижливо вникнува во маката на бедните, а безбожниот не се интересира за тоа. 8#11,11Развратните луѓе го бунтуваат градот, а мудрите го смируваат гневот. 9#12,16; 27,3Умен човек, кога се суди со безумен човек, се лути ли, или се смее, – нема мир. 10#12,6Крвожедните луѓе го мразат непо­рочниот, а праведните се грижат за не­говиот живот. 11#12,16Глупавиот го излива сиот свој гнев, а мудриот се воздржува. 12#25,18Ако управителот слуша лажни збо­рови, тогаш и сите негови службеници стануваат нечесни. 13#22,2Сиромавиот и лихварот се сре­ќаваат еден со друг; но Господ им дава и на двајцата светлина во очите. 14#16,12; 25,5Ако царот им суди на сиромасите по правда, престолот негов ќе се зајакне засекогаш. 15#13,24; 22,15Стапот и прекорот даваат му­дрост; но момче, оставено без грижа, ја посрамува својата мајка. 16#21,12Кога се умножуваат безбожните, се умножува беззаконието; но праведните ќе го видат нивното паѓање. 17#13,24; 22,15Казнувај го синот свој, и тој ќе ти даде мир и ќе ѝ донесе радост на душата твоја. 18#28,4Без откровение одозгора народот е нескротлив, а кој го пази законот, бла­жен е. 19#21,11Слугата со зборови нема да се научи, зашто и да ги разбира, не ги слуша. 20#26,12Ако си видел човек брз и недомислен во зборовите свои, повеќе надевај се на безумен, отколку на него. 21#23,13-14Ако ласкаво држиш слуга од детството, подоцна ќе посака да ти стане син. 22#15,18; 26,21Гневлив човек подига бунтови, а избувливиот многу греши. 23#15,33; 18,12; Мт 23,12Гордоста на човека го понизува, а смирениот по дух ќе се здобие со чест. 24#3 Мојс 5,1Кој дели со крадец, ја мрази душата своја; тој слуша клетви, но не ги соопштува. 25#18,10; 28,25Оние што се плашат и срамуваат од луѓето, ќе се сопнат; а кој се надева на Господ, ќе биде спасен. 26#19,6Мнозина го бараат благонаклоното лице на управителот, но судбината на човекот е од Господ. 27#29,10Неправеден човек е одвратен за праведниците, а одвратност за безбож­ниот е оној што оди по прав пат.

Селектирано:

Изреки 29: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се