Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 28

28
1 # 10,25.30 Безбожниот бега, кога никој не го гони; а праведниот е смел ка­ко лав. 2#11,11Кога земјата ќе отстапи од законот, тогаш во неа има многу началници; а при разумен и вешт маж управата е долговечна. 3#10,15Човек сиромав кој врши зло над сла­бите е исто како излеан дожд, кој нанесува штета. 4#28,7.9; 29,18Отстапниците од законот ги фалат нечесните, а оние што го почитуваат за­конот, негодуваат против нив. 5#2,9Лошите луѓе не ја разбираат спра­ведливоста, а оние, што Го ба­раат Господа, разбираат сѐ. 6#19,1Подобро сиромав, кој оди во својата непорочност, отколку оној што ги ис­кривува своите патишта, макар и да е богат. 7#23,20Кој го пази законот, е разумен син, а кој се дружи со расипници, го срами татко си. 8#13,22Кој го умножува имотот свој пре­ку камата и лихварство, тој го собира за добротворецот на сиромасите. 9#15,8; 21,27Кој го отстранува увото свое да не го слуша законот, на таквиот и молитвата му е одвратна. 10#26,27Кој ги упатува праведните кон па­тот на злото, сам ќе падне во јамата своја, а непорочните ќе наследат добро. 11#3,7; 18,17; 26,5.12Богатиот човек самиот се смета за мудрец, но умен сиромав ќе го разобличи. 12#11,10; 28,28; 29,2Кога праведници победуваат, голема е славата, но кога безбож­ниците се издигаат, луѓе гинат. 13#12,13; 1 Јн 1,9Кој ги крие престапите свои, нема да напредува; а кој се кае и ги остава, ќе биде помилуван. 14#23,17Блажен е оној човек, кој секогаш се бои; а кој го ожесточува срцето свое, ќе падне во неволја. 15#19,12Лав што рика и мечка гладна, тоа е безбожниот властодржец над беден народ. 16#15,27Неразумен управител врши многу угнетувања, а кој го мрази користољубието, ќе има долги дни. 17#27,20Човекот, виновен за пролевање на човечка крв, бега до гроб, за да не го фати некој. 18#10,27Кој оди непорочно, ќе биде непо­вреден; а кој оди по криви патишта, ќе падне на еден од нив. 19#12,11; 20,13Кој си ја обработува земјата, ќе се наситува со леб, а кој е мрзлив и не работи, ќе се насити со сиромаштија. 20#20,21Верен човек ќе биде многу благо­словуван, а кој брза да се збогати, не останува без казна. 21#24,23Не е добро да се биде лицемерен: таков човек и за парче леб ќе изврши неправда. 22#21,5Завидлив човек брза кон богатството и не мисли дека сиромаштијата ќе го стигне. 23#27,5-6; 29,5Кој разобличува човек, отпосле ќе најде поголема благонаклоност, от­колку оној што му ласка со јазикот. 24#18,9; 19,26; Мт 15,5Кој го краде татко си и мајка си и вели: „Тоа не е грев“, тој им е соучес­ник на грабителите. 25#15,18.27Горделивиот предизвикува кара­ници, а кој се надева на Господ, ќе пре­успее. 26#3,5Кој се надева на себеси, безумен е; а кој постапува мудро, ќе биде спасен. 27#22,9Кој дава на сиромав, нема да осиромаши; а кој ги крие очите од него, ќе биде проколнуван. 28#28,12Кога безбожните се издигаат, лу­ѓето се кријат, а кога паѓаат, праведниците се умножуваат.

Селектирано:

Изреки 28: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност