Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 25

25
1 # 1,1; 10,1 И ова се мудри изреки Соломонови, што ги собраа луѓето на јудејскиот цар Езекија.
Разни изреки
2 # 16,1; 20,24; 24,21-22 Слава за Бога е да ја обвива секоја работа со тајна, а слава за царевите е да ги истражуваат работите. 3Како небото во висините и земјата во длабочините, така и срцето на царевите е неиспитливо. 4#16,12; 20,8; 29,14Оддели ја смесата од среброто, и истата ќе биде работа на златарот; 5оддалечи го неправедниот од ца­рот, и престолот негов ќе се зацврсти со правда. 6#11,2; 16,18; 18,12; 29,23; Лк 14,8-11Не се кревај на големо пред лицето на царот и не седнувај на местото на големците; 7зашто подобро е кога ќе ти кажат: „Дојди тука погоре“, отколку кога ќе те понизат пред очите на кнезот. 8#17,14; 18,17; 26,10Не брзај да покренуваш тужба, зашто, што ќе правиш на крајот, кога твојот противник ќе те посрами? 9Суди се со противникот, но туѓи тајни не откривај, 10за да не те прекори оној, што ќе го чуе тоа, и тогаш нечесноста твоја нема да избега од тебе. 11#15,23.31Умесно кажаниот збор е како златно јаболко во сребрена кошничка. 12Мудриот разобличувач за внимателно уво е како златна обетка и украс од чисто злато. 13#13,17; 25,25Како ладен снег во време на жетва, така е верен оној пратеник, што се испраќа: тој му донесува утеха за ду­шата на својот господар. 14#20,6; Јуда 1,12Како облаците и ветровите без дожд, таков е човекот, кој се фали со лажливи подароци. 15#15,1; 16,14Со долготрпеливост се придобива и судија, а мек јазик коски крши. 16#25,27Ако најдеш мед, јади колку што ти треба за да не се прејадеш и да не го повратиш. 17#18,19Не оди често во куќата на пријателот свој, за да не му додеваш и да не те намрази. 18#12,18; 24,28Она што е чеканот, мечот и острата стрела, таков е човекот, кој сведочи лажно против ближниот свој. 19#26,18-19Она што е скршен заб и крива нога, таква е надежта на безна­дежниот во злочест ден. 20#12,25; 14,10Тоа што е оној, кој соблекува облека во студен ден, она што е оцет на ра­на, таков е оној, кој песни пее на ната­жено срце. 21#24,17-18; Рим 12,20Ако непријателот твој е гладен, нахрани го со леб; и ако е жеден, напој го со вода; 22зашто, правејќи го тоа, ти нат­рупу­ваш жар врз главата негова, и Господ ќе ти воздаде. 23#28,23Северниот ветер дожд донесува, а таен јазик – незадоволни лица. 24#21,9Подобро да живееш во агол на по­к­ривот, отколку со жена кавгаџика во широка куќа. 25#15,30; 25,13Она што е студената вода за из­мачената од жед душа, тоа е добрата вест од далечна земја. 26#18,4Она што е нечист извор и матен кладенец, тоа е праведниот кој по­пушта пред безбожниот. 27#25,16Како што не е добро да се јаде многу мед, така и да се лакомиш за слава. 28#29,11Она што е разрушен град, без ѕи­дови, таков е човекот, кој не владее со духот свој.

Селектирано:

Изреки 25: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност