Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 2:1-11

Изреки 2:1-11 MK2006

Синко, ако ги примиш зборовите на Моите заповеди, и ги зачуваш во себеси, ако увото твое внимателно ја слу­ша мудроста, ако срцето твое се приклони кон размислување; ако ги повикаш знаењето и разумот; ако ги бараш како сребро и ги истра­жуваш како ризница, – ќе го разбереш стравот Господов и ќе го најдеш знаењето за Бога. Зашто Господ дава мудрост; од устата Негова доаѓаат знаењето и разумот; Тој го зачувува за праведните спасението; Тој е штит за оние кои живеат непорочно; Тој ги чува патиштата на правдата и ја брани патеката на оние, кои Го по­читуваат. Тогаш ќе ги разбереш правдата и правосудието, правината и секој до­бар пат. Кога мудрост ќе влезе во срцето твое, и знаењето ќе ѝ биде пријатно на душата твоја, тогаш расудувањето ќе те брани, разумот ќе те чува

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Изреки 2:1-11