Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 16:1-16

Изреки 16:1-16 MK2006

Човекот размислува во срцето свое, но одговорот на јазикот е од Господ. Сите дела на човекот му изгледаат дека се исправни, но Господ ги испи­тува душите. Предај ги делата свои на Господ, и твоите намери ќе се исполнат. Господ направил сѐ со определена цел, а и безбожниците – за судниот ден. Секој горделив по срце е одвратност пред Господ: биди сигурен дека тој нема да остане неказнет. Со милосрдност и правда грев се исчистува, и со страв Господов зло се отстранува. Кога на Бога Му се пријатни патиш­тата на човекот, Тој и со непријателите негови го смирува. Подобро мала печалба со правда, отколку голема добивка со неправда. Човекот сам го обмислува патот свој, но Господ управува со него. Во устата на царот има вдахновено слово; неговата уста не смее да греши на суд. Точните мерила и тасовите се од Господ; од него се и сите точни мери. Незаконското дело е одвратно за царевите, зашто со правда престолот се зајакнува. Справедлива уста на царот му е пријатна, и тој го сака оној, што ја кажува вистината. Царевиот гнев е гласник на смртта; но мудар човек ќе го смилостиви царот. Во светлиот поглед на царот има живот, и неговото благоволение е облак со задоцнет дожд. Да се здобиеш со мудрост е многу подобро, отколку со злато, и да се здобиеш со разум е повеќе за претпочитување отколку одбрано сребро.