Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 15

15
1 # 15,18; 25,15 Кроткиот одговор гневот го ублажува, а навредлив збор ја­рост предизвикува. 2#15,7.14.21.28На мудрите јазикот добри знаења искажува, а на безумните устата глупости блуе. 3#5,21; 24,18Очите Господови се на секое место: тие ги гледаат и лошите и добрите. 4#12,18; 18,21Кроток јазик е дрво на животот, а злиот – рана на душата. 5#13,1; 15,5.10.12.32Безумниот се подбива со татковата поука; а кој слуша прекор, разумен е. 6#4,16; 28,1Во куќата на праведникот – големо богатство, а печалбата на нечестивиот – пропаѓа. 7#10,31; 13,16Устите на мудрите знаење сеат, но срцето на безумните не постапува така. 8#21,27; Јн 9,31Жртвата на безбожните е одвратност пред Господ, а молитвата на праведните Му е пријатна. 9#11,20; 12,22Патот на нечестивиот е одвратност пред Господ, а кој ја бара правдата, Тој го сака него. 10#12,1Остра казна го чека оној што го остава правиот пат, а кој го мрази изоб­личувањето – ќе загине. 11#16,2Пеколот и пропаста се откриени пред Господ, а како ли нема да бидат – срцата на синовите човечки? 12#9,12Развратникот не ги сака оние, што го прекоруваат, тој не разговара со мудрите. 13#12,25; 17,22; 18,14Весело срце го прави лицето весело, а при тажно срце – и лицето е ната­жено. 14#18,15На разумен срцето бара знаење, а устите на безумните со глупост се хранат. 15#18,14На несреќниот сите дни му се таж­ни; а животот на среќниот е постојано празнување. 16#16,8Подобро малку, но со страв Гос­подов, отколку големо богатство, и со него немир. 17#17,1Подобро јадење од зеленчук, и со него љубов, отколку угоени телиња, и со нив омраза. 18#14,29Избувлив човек расправии крева, а трпеливиот караници смирува. 19#22,5Патот на мрзливиот е послан со трње, а патот на праведниот е чист. 20#10,1; 30,17Мудриот син го радува татко си, а безумниот нема почит кон мајка си. 21#10,23; 14,8На неразумниот безумни му се па­теките, а разумен човек оди по правиот пат. 22#11,14; 20,18Без советување намерите се осуетуваат, а при многу советници тие успеваат. 23#25,11Пријатно е да се знае добро да се одговори. Колку добар е зборот изго­ворен во вистинскиот момент! 24#4,18-19Мудриот размислува за патот на животот, за да се отстрани од патот што води во пеколот и да се спаси. 25#23,10-11Господ ќе го сотре домот на горделивите, а меѓата на вдовицата ќе ја зајакне. 26#6,16-18Помислите на лошите се одвратни пред Господ, а зборовите на непо­рочните Му се угодни. 27#1,19; 28,16Лакомиот ќе го растури својот дом, а оној, кој мрази поткуп, ќе живее. 28#29,20Срцето на праведниот мисли што зборува, а устата на нечесните исфрла зло. 29#1,28Господ е далеку од безбожните, но ја слуша молитвата на праведните. 30#25,25Светол поглед срце радува, добра вест коски храни. 31#25,12Кој го слуша учењето на животот, меѓу мудри ќе живее. 32#8,35-36Кој ја отфрла поуката, ја мрази душата своја; а кој слуша изобличу­вање, тој придобива разум. 33#9,10; 18,12Стравот Господов учи на мудрост, а пред славата оди смиреноста.

Селектирано:

Изреки 15: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност