Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 13:13-25

Изреки 13:13-25 MK2006

Кој не води грижа за словото, тој си штети, а кој се бои од заповедта, нему ќе му се даде награда. Поуката на мудриот е извор на животот; таа го избавува од мрежите на смртта. Добриот разум донесува пријатност, а патот на беззакониците, води во пропаст. Секој благоразумен работи со знае­ње, а глупавиот се истакнува со глупости. Лош гласник носи беда, а верен гласник е спасение. Немаштија и срам за оној, што го отфрла учењето; а оној, кој ја пази поуката, ќе се прослави. Исполнетата желба е пријатна за душата, но на глупавите им е тешко да го одбегнуваат злото. Кој се состанува со мудри, мудар ќе биде; а кој другарува со безумни, глупав ќе биде. Грешниците злото ги гони, а на праведниците им се враќа добро. Добриот остава наследство и на внуци, а богатството на грешникот се чува за праведните. Праведните имаат богатство многу години, неправедните бргу го загубуваат. Кој ја жали прачката, го мрази синот свој; а кој го сака, го казнува од детските години. Праведникот јаде до наситување, а стомакот на беззакониците трпи од не­достиг.