Патот на неразумниот му се чини прав во неговите очи; но кој слуша совет, тој е мудар. Глупавиот веднаш ќе го покаже гневот свој, а благоразумниот ја смирува лутината своја. Кој го кажува она што го знае, тој говори правда, а лажниот сведок говори измама. Празнословецот ранува како меч, а јазикот на мудрите лекува. Праведната уста вечно живее, а лажливиот јазик – само еден миг. Во срцето на оние што мислат зло, има подмолност, а кај миротворците – радост. Праведниот нема да го достаса никакво зло, а безбожниците ќе бидат преполни со зло. Лажливата уста е одвратност пред Господ, а кој говори вистина, благоугоден Му е Нему. Расудлив човек го прикрива знаењето свое, а срцето на глупавите го разгласува своето безумие. Раката на работливите ќе господари, а мрзливоста води во ропство. Тагата во срцето го притиска човекот, а добриот збор го развеселува. Праведниот му го покажува патот на ближниот свој, а патот на нечестивите ги води во заблуда. Мрзливиот својот лов не го пече; а трудољубивоста е големо богатство. По патот на правдата има живот, и во нејзината патека нема смрт.
Прочитај Изреки 12
Сподели
Спореди ги сите верзии: Изреки 12:15-28
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа